Emergency Services Telecommunications Authority (ESTA) (Телекомуникациска управа на служби за итни случаи – ESTA) управува со повиците на triple zero (‘три нули’) (000) во Викторија и нуди 24 часовни услуги за примање на телефонски повици и испраќање на помош од полицијата, противпожарните служби и брза помош.
ESTA исто така прима телефонски повици и испраќа помош во итни случи кои не се опасни по живот, вклучувајќи невреме или поплава, преку телефонскиот број 132 500.
Во итен случај, секогаш јавете се на ‘три нули’. Итен случај е сериозна, неочекувана и често опасна ситуација на која треба веднаш да се одговори. Тука се вклучува опасност по живот, здравје и/или имот.
Кога се јавувате на ‘три нули’ во итен случај, можете исто така да побарате преведувач.
Ве молиме, прочитајте подолу за повеќе информации кога да се јавите на ‘три нули’ и што можете да очекувате кога ќе се јавите на ‘три нули’ во итен случај.
Ако не ги разбирате овие информации, замолете за помош член до семејството, пријател или сосед.
Reviewed 16 March 2023